ПОВЕЌЕ

    25.000 компании се соочуваат со банкрот во Германија

    Време зa читање: 2 минути

    Многу компании во Германија се на работ на банкрот и преживуваат само благодарение на државната помош. Економски експерти проценуваат дека има 25.000 компании.

    Финансиската помош според системот „капка по капка“ беше, и сè уште е стратегија со која Германија се обидува да ги ублажи тешките последици од коронската криза. Финансиската помош, сепак, само го одложува банкротот, пишува Дојче веле.

    Економските експерти стравуваат дека ова може да заврши со бран на банкрот штом државата престане да помага.

    „Апсолутно е разбирливо дека на компаниите кои наидоа на проблеми поради блокирање, да им се помага финансиски“, рече експерт од Институтот за европски економски истражувања во Ланбниц во Манхајм (ZEW).

    „Покрај трошоците измерени во милијарди, недиференциран пристап може да има негативно влијание врз среднорочниот економски раст и развојот на продуктивноста во Германија“, додава ЗЕВ.

    Покрај тоа што даде неколку милијарди помош, Берлин донесе и одлука за ставање крај на обврската за поднесување банкрот. Компаниите обично треба да поднесат барање за стечај во рок од три недели во случај на неликвидност. Германската влада го укина правилото минатиот март, прво до крајот на септември, а потоа до крајот на 2020 година.

    Сепак, во изменета форма, правилото важи до крајот на април годинава, за компаниите кои поднеле барање за помош од штетата што ја претрпеле поради пандемијата од 1 ноември до 31 декември.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично