ПОВЕЌЕ

    2-3 октомври 2019 – Insuretech настан во Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Денес и утре, 2-3 октомври се одржува Insuretech настанот на кој ќе присуствуаат еминентни предавачи и експерти од областа на осигурувањето и технологиите.

    По успешниот пилот-настан на Insurtech во Софија, лансиран во 2017 година, Fintechguardian – Европската асоцијација на институции заинтересирани за финтек, одлучија да го организираат второто издание на серијалот Insurtech Balkans на специјализиран Самит на Insurtech и експо настани.

    Овој пат се одржува во Скопје, во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и Стопанската комора на Македонија.

    #InsurtechBalkans ги спојува регулаторите за осигурување, потрошувачите и експертите за осигурување, како и инвеститорите и ентузијастите на Insurtech за да разговараат за иднината на индустријата за осигурување и за тоа како може да влијае на сите засегнати страни.

    Овој настан е целосно посветен на иднината на индустријата за трансфер на ризици како единствен настан во балканскиот регион, фокусиран целосно на Insurtech.

    Настанот ќе го отвори Климе Попоски, претседател на Советот на експерти во Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

    Настанот создава можност за Insurtech состаноци за претприемачите и нивните потенцијални инвеститори откривајќи ги идните можности за раст и развој.

    Повеќе за програмата на настанот на следниов линк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично