ПОВЕЌЕ

    Што најмногу придонесе за развојот на ФинТек?

    Време зa читање: 2 минути

    Постојат две главни причини за развојот на ФинТек индустријата. Првата е поврзана со финансиската криза во 2008 година, која резултираше во голем број на отпуштања во финансиските институции, оставајќи простор за квалификувани финансиски професионалци да се приклучат или да создадат нови компании.

    Втората причина е поврзана со намалување на ресурсите кои се потребни за да се започне нов бизнис. Трошоците порано беа голема бариера за тие кои сакаа да навлезат во светот на финансиските услуги. Но самиот пораст и поддршка на технологии како „cloud computing” доведе до драматично намалување на трошоците за влез на овој пазар.

    Покрај тоа, самата дигитализација на услугите станува норма во сите индустрии и клиентите очекуваат повеќе флексибилност и интерактивност преку дигитални платформи. Овие видови на услуги лесно можат да се развиваат од мали и флексибилни компании кои можат да обезбедат добро корисничко искуство.

    Од друга страна, голем број на воспоставени финансиски играчи имаат голем удел на пазарот, но им недостига флексибилноста и способноста да пружат иновативни услуги.

    Од самиот почеток на финансиската криза со колапсот на гигантот „Lehman brothers” банките го намалија својот ИТ буџет и голем број од персоналот во ИТ мораше да биде распуштен. Тоа ги стави големите финансиски инстутиции во позиција каде што неможеа да иновират, да ја зголемуваат својата палета на производи и услуги и да нудат нови иновативни решенија.

    Новите политички, социјални и економски промени доведоа до структурна промена во банкарската информатичка технологија. ИТ решенијата повеќе не се креираа внатре во фирмата туку беа делегирани на надворешни соработници, правејќи простор за нови, агилни и иновативни, ФинТек компании.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично