ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка: Пензиите за месец јануари ќе се исплатат предвреме и во групи

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе Банка известува дека пензиите за месец јануари ќе се исплатат предвреме почнувајќи од 26 јануари 2022 година во четири групи.

    Со пензиите, пензионерите може да располагаат веднаш, доколку користат дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Од Банката препорачуваат да ја користите широката мрежа од 100 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се достапни во Република Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.

    Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

    • 26-ти јануари 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари
    • 27-ми јануари 2022 година, пензии со висина 11.001 – 14.000 денари
    • 28-ми јануари 2022 година, пензии со висина 14.001 – 18.000 денари
    • 31-ви јануари 2022 година, пензии со висина над 18.001 денари.

    Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен, потенцираат од Банката!

    Од банката апелираат, за поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Bankа.

    Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично