ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе банка известува за предвремена исплата на мајската пензија

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе банка ги известува своите ценети клиенти пензионери дека, пензиите за месец мај 2022 ќе се исплаќаат почнувајќи од 30 мај 2022 година во четири групи.

    Со пензиите можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од 100 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се достапни во Република Северна Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците, посочуваат од Банката.

    Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

    • во понеделник 30-ти мај 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари денари
    • во вторник 31-ви мај 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари  
    • во среда 1-ви јуни 2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
    • во четврток 2-ри јуни  2022 година, пензии со висина над 18.001 денари.

    Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

    За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Bankа, посочуваат од Банката.

    Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти, апелираат од Банката.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично