ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе банка започна со исплата на парични права од социјална и детска заштита за месец јуни

    Време зa читање: 2 минути

    Ве информираме дека од 05.07.2021 година (понеделник), паричните исплати за паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита за месец март, ќе биде на располагање за корисниците на дебитни картички.

    Останатите корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во експозитурите на Банката согласно воспоставен распоред по азбучен ред по презимето на лицето и тоа:

    • На 5 јули (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
    • На 6 јули (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

    Подигнувањето на готовина од Банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со презиме на буква која не е на распоредот нема да биде опслужен!

    Ви препорачуваме средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкоматите на Шпаркасе Групацијата ширум државата, на кои подигнувањето е без провизија. Клиентите кои имаат дебитни картички може да ги користат средствата со безготовинско плаќање кај трговците, без внесување на ПИН за износи до 2.000 денари со дебитните картички од брендот Mastercard и до 2.500 денари со дебитните картички од брендот VISA.

    За сите плаќања на режиски трошоци и уплати кон трети лица користете ги услугите на апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

    За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично