ПОВЕЌЕ

    Халк Осигурување доби одобрение од КХВ за емисија на 300.000 обични акции

    Време зa читање: 3 минути

    Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 122 рата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе Решение со кое на Друштвото за осигурување Халк Осигурување АД Скопје му се дава одобрение да издаде седма емисија на 300.000 обични акции, со вкупна вредност од 3.000.000 евра. Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши по пат на приватна понуда за познат купувач – единствениот акционер на Друштвото односно за Халк Банка АД Скопје.

    Продажната цена на акциите е еднаква на номиналната и изнесува 10 евра по акција.

    Халк Осигурување АД Скопје врши зголемување на основната главнина заради постигнување на потребната адекватност на капиталот на друштвото и создавање услови за непречено вршење на редовното работење на друштвото, односно поради усогласување на работењето на Друштвото со Законот за супервизија на осигурување.

    Заради усогласување со Директивата 2009/65/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 13 јули 2009 година согласно со измените и дополнувањата на Законот за инвестициски фондови, а по завршена јавна расправа, Комисијата донесе  и два правилника и тоа :

    – Правилник зa нaчинoт и постапката на присилен пренос на управувањето co инвестициски фонд и правата и обврските на депозитарната банка при присилен пренос на управувањето со инвестициски фонд и

    – Правилник зa дозволени вложувања, ограничувања на вложувањата и пречекорување на ограничувањата за вложување на имотот на отворениот фонд.

    И за двата предлог подзаконски акта, согласно законската регулатива, јавната расправа траеше 30 календарски дена во кои засегнатите субјекти имаа можност да ги истакнат  своите  коментари.

    Откако Стручната служба ги обработи трите барања за добивање дозвола за работење на инвестиционен советник и на брокер, заедно со приложените документи од страна на лицата, како и документите кои Комисијата ги поседува во својата архива и констатираше дека се исполнети сите услови утврдени во Законот за хартии од вредност и во Правилникот за формата, содржината на барањето и потребната документација за добивање на дозвола за работење на брокер и дозвола за работа на инвестиционен советник, Комисијата за хартии од вредност  на седницата што се одржа денеска на 29 септември, 2021 година, издаде две дозволи за работење на брокер и една за инвестициски советник.

    Дозволите се  даваат за период од пет години од денот на издавањето.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично