ПОВЕЌЕ

    Халкбанк започнува со исплата на октомвриските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Халкбанк ги известува своите ценети клиенти пензионери дека на сите Вас кои користите платежна картичка, парите ќе Ви бидат на сметка на 31.10.2022 (понеделник) и истите ќе може слободно да ги користите при пазарење со Вашите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

    За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа во следните денови:

    • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.10.2022 година (понеделник);
    • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.11.2022 година (вторник);
    • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 02.11.2022 година (среда ), и
    • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 03.11.2022 година (четврток). Фондот на ПИОСМ ќе ги достави потребните податоци до банките на 28-ми октомври 2022 година.

    На шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина.

    Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на Вашите потреби во периодот од 08:30 до 16:30 часот.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично