ПОВЕЌЕ

    УСПЕШНО СПРЕЧЕН ХАКЕРСКИ НАПАД на интернет страницата на ТТК Банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Грчките хакери на твитер објавија дека извршиле хакерски напади врз неколку македонски банки. Според хакерите, нападнати биле ТТК Банка, Централната кооперативна банка, УНИ банка, Прокредит банка, Стопанска банка АД Битола, Шпаркасе, Комерцијална и други.

    Од ТТК банка известија дека успешно е спречен хакерскиот напад на кој беше изложена интернет страницата на ТТК Банка.

    Имено, на 22 февруари, во вечерните часови беше направен обид за хакерски упад на интернет страницата на ТТК Банка.  Благодарение на ефикасната заштита на системот и брзата реакција, интернет страницата по краток прекин, брзо беше вратена во функција и беше повторно достапна. Нема последици од нападот. Случајот е пријавен во МВР.

    ТТК Банка останува во постојана и тесна соработка со стручни лица за спроведување на законите со цел за спречување на вакви настани во иднина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично