ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка ќе започне со исплата на дивиденда на 23.08.2021, но кој има право на неа?

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 23.08.2021 година ќе врши исплата на дивиденда за 2020 година. Право на исплата на дивиденда за 2020 година имаат сите акционери на ТТК Банка АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на 11.08.2021 година.

    Врз основа на член 53 и член 56 точка 2 став 4 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје, а во согласност со Одлуката за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година (дивиденден календар) бр.02-3072/6 од 15.04.2021 година усвоена на Седницата на акционери на Банката одржана на ден 15.04.2021 година, Надзорниот одбор на Банката на ден 4.8.2021 година, ја утврди следната:

    ОДЛУКА
    за определување на износот на дивиденда и датуми на исплата 
    на дивиденда за 2020 година (дивиденден календар)

    Согласно Одлуката, ТТК Банка АД Скопје ќе исплати дивиденда во бруто-износ од 81.709.920 денари.

    Висината на бруто-дивидендата по акција ќе изнесува 90,00 денари, односно 9,00% од номиналната вредност на акциите којашто изнесува 1.000 денари.

    Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 09.08.2021 година.

    Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2020 година е 10.08.2021 година.

    Датумот на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2020 година, е 11.08.2021 година.

    Исплатата на дивиденда за 2020 година ќе започне на 23.08.2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично