ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка од денес започнува со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка известува дека од 3.8.2021 година (вторник) ТТК Банка АД Скопје ќе започне со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец јули 2021 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.

    Корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 3.8.2021 г. (вторник), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    За корисниците кои немаат дебитни картички, исплатата во експозитурите и филијалите ќе се врши во согласност со утврдениот распоред, по азбучен редослед според првата буква од презимето и тоа:

    • 3-ти август (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
    • 4-ти август (среда) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

    Ви препорачуваме средствата да ги користите првенствено со безготовински плаќањa  во трговската мрежа, со плаќања преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, или да ги подигнувате без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

    Корисниците кои имаат бесконтактни Visa дебитни картички на ТТК Банка АД Скопје можат да ги користат средствата со безготовинско плаќање без внесување ПИН за износи до 4.500 денари.

    Во случај на неопходна посета на  филијалите и експозитурите на Банката  да се почитува редоследот на исплата по датум и азбучен ред како и превентивните мерки за заштита на јавното здравје (носење на заштитна маска, одржување на пропишаното минимално растојание и дезинфицирање на рацете), апелираат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично