ПОВЕЌЕ

    Топ 5 предности на бесконтактното плаќање

    Време зa читање: 3 минути
    OLYMPUS DIGITAL CAMERA

    Во услови на пандемија и во време на мерки и препораки за одржување дистанца и избегнување директен контакт, бесконтактните картички се покажаа како вистинска благодет. Иако кај одредена група граѓани постоеше доза на недоверба во ваквите картички, избегнувањето на допир при плаќањата со нив, како и брзината на вршење на трансакциите, обезбеди вистински подем на ваквиот тип плаќања. Во склоп на овие предности, во продолжение ви пренесуваме  неколку причини за користење на бесконтактните картички на Halkbank, кои гарантираме дека ќе ви го олеснат секојдневието.

    Првата и најважна предност на бесконтактното плаќање е заштедата на време. Во денешното, модерно општество, бесконтактното плаќање е двојно побрзо од плаќањето со обична платежна картичка бидејќи не е потребно вметнување на картичката во ПОС терминалот и внесување на пин за трансакции до висина на лимитот одреден од Банката или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни картички, а во споредба со плаќањето во кеш е дури трипати побрзо.

    Во врска со безбедноста на плаќањето, картичките издадени од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседуват највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќање (3D Secure – Verified by Visa – VbV и MC Secure Code). Исто така, овие картички имаат поставени ограничувања на одредени помали суми при трансакции кои ве заштитуваат од поголеми, неовластени купувања и дополнително за секоја ваша трансакција може да добивате смс известување на вашиот мобилен телефон.

    Она што можеби е и најголема предност на ваквото бесконтактно плаќање е  можноста за вршење трансакции и преку други уреди, како мобилен телефон и паметен часовник – Garmin. Со дигитализација на картичката, вашето плаќање можете да го извршите и преку вашиот Garmin часовник или вашиот мобилен телефон со Android оперативен систем, користејќи ја HalkPay апликацијата, доколку на пример, ви се случи да го заборавите вашиот паричник или едноставно доколку не сакате да ги носите сите платежни картички со вас.

    Целокупното искуство на корисникот е уште една предност на бесконтактното плаќање. Зошто? Затоа што ваквото плаќање обезбедува непречено, брзо и лесно плаќање што како краен резултат носи бенефиции и предности за клиентите , кое пак придонесува за задоволни и  лојални клиенти.

    Дополнително, кредитните картички на Halkbank покрај бесконтактно и брзо плаќање овозможуваат и разновидни програми за лојалност за  корисниците, како плаќање на рати кај одредени трговци, или собирање бонус поени и нивно искористување при идни плаќања во мрежата на пос терминали на Банката. Од попусти, па сè до поени и награди, корисниците на бесконтактните картички со сигурност се во добивка!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично