ПОВЕЌЕ

    Тајмиште Кичево во 2021 година оствари загуба

    Време зa читање: < 1 минутa

    АД Тајмиште Кичево за период јануари-декември 2021 година оствари загуба во износ 30.387 илјади денари искажана во неревидираниот биланс на успех.

    Во деловната 2021 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување при составување на финансиските извештаи.

    Вкупните приходи во 2021 год. изнесуваат  18.651 илјади денари и истите се намалени за 72,61% во однос на претходната година кога изнесувале 68.091 илјади денари.

    Вкупните расходи во 2021 год. изнесуваат  49.038 илјади денари и истите се намалени во однос на 2020 год за 55,75%  кога изнесувале 110.802 илјади денари.

    АД Тајмиште нема обврски по кредити во банки на 31.12.2021 година.

    За наредната година одборот на директори очекува зголемување на приходите со изнаоѓање нови работи од областа на рударството како и рационализација на трошоците.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично