ПОВЕЌЕ

    Статистика за 2022: БДП со реален раст од 2,2 проценти

    Време зa читање: < 1 минутa

    Бруто-домашниот производ лани изнесувал 803.141 милион денари. Во однос на 2021 година е номинално зголемен за 10,1 насто. Реалната стапка на раст на БДП 2,2 проценти. Ова произлгува од претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори.

    Најголемо учество на додадената вредност со 19,2 отсто во структурата на БДП имаат секторите трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

    Финалната потрошувачка во 2022 година во структурата на БДП учествува со 84,9 проценти.

    Учеството на извозот на стоки и услуги во структурата на БДП за 2022 изнесува 74 проценти. Вредноста на инвестициите во основни средства се 188.980 милиони денари.

    Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 56,8 проценти, машините и опремата со 33,1, а останатите инвестиции со 10 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично