ПОВЕЌЕ

    Станбен кредит од Комерцијална банка со најповолни услови, без надомест за обработка и процена на имот до 30 април

    Време зa читање: 2 минути

    Промотивен станбен кредит од Комерцијална банка. Промоцијата важи до 30.04.2022 година и е одлична можност да го рефинансирате вашиот постоечки станбен кредит со цел да го обезбедите со полиса за животно осигурување.

    Сега е вистинско време да си обезбедите нов дом со станбениот кредит на Комерцијална банка затоа што ги има најниските каматни стапки на пазарот, достапен е со полиса за животно осигурување и до 30.04.2022 година е без надомест за одобрување и за процена на имот.                                                               

    ,,Полисата за животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје ви дава уникатна можност за станбен кредит со каматни стапки од само 2,9%, фиксна во првите 10 години, и 3,7% променлива за останатиот период на отплата. Со оваа опција, освен што добивате најповолни услови за кредитот, добивате и сигурност за вас и вашето семејство”, информираат од Комерцијална банка.

    Рокот за отплата на кредитот е до 30 години, со можност за грејс-период од 12 месеци. Затоа станбениот кредит на Комерцијална банка е идеален за остварување на вашата најголема желба – да имате сопствен стан, куќа или деловен простор во земјава или во странство.

    Дозволете си слобода и финансиска безгрижност за вас и вашето семејство и преку следниот линк поднесете податоци за условите кои вам најмногу ви одговараат

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично