ПОВЕЌЕ

    СО ПРОМЕТ ОД 4,5 МИЛИОНИ ЕВРА акциите на која македонска банка направија бум на берза во јануари?!

    Време зa читање: 2 минути

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.01 – 31.01.2022 година вкупниот промет изнесувал 901.761.990 денари и е зголемен за 7,30% отсто во однос на претходниот месец, кога тој изнесувал 840.414.353 денари.

    Класичното тргување изнесувало 698.220.800 денари и е намалено за 7,48 отсто кога изнесувало 754.690.781 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 558.947.787 денари и обврзници во вредност од 139.273.013 денари.

    Блок трансакциите во јануари изнесувале 203.541.190 денари и забележуваат раст од 138,19 отсто во однос на декември кога тие изнесувале 85.453.250 денари.

    Бројот на трансакции во јануари изнесувале 1.879 и е зголемен за 13,33 отсто во однос на декември, кога бројот на трансакции изнесувал 1.658.

    Идентично како и во декември, на пиадесталот најтргувани акции на официјалниот пазар во јануари месец се акциите на Комерцијална Банка АД Скопје со истргувани 23.027 акции, бројка која месецов ја позиционира како количински најтргувана акција, со просечна цена од 12.232,13 денари и остварен е промет од 281.669.178 денари или 4.565.640 евра. Акциите на македонскиот фармцевтски гигант Алкалоид АД Скопје се позиционираа на второто место каде количински се истргувани 4.488 акции по просечна цена од 18.605,90 денари и се свртеле 1.353.530 евра или 83.503.299 денари. Третото место резервирано за НЛБ Банка АД Скопје. Оваа банка ги запиша следниве бројки: истргувани 2.556 акции по просечна цена од 29.220,22 денари каде реализиран е промет од 74.686.889 денари или 1.210.685 евра.

    Најголем раст на акцијата во јануари запиша УНИ Банка Скопје од 14,40 отсто каде просечната цена на 31.12.2021 година изнесуваше 3.090,00 денари. Во листата на акции со најглем пораст се впишаа и Бетон Скопје, Комерцијална банка Скопје, Стопанска банка Скопје, и ОКТА Скопје

    Гранит Скопје, Македонијатурист Скопје, Стопанска банка Битола, Реплек Скопје и Макстил Скопје ја предводат петорката на компании чии акции забележаа најголем пад во месец декемри 2021.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично