Синдикалната кошничка за месец мај 2021 година е зголемена за 180,00 денари во однос на претходната за месец април 2021 година. Само за последните два месеци таа е зголемена за повеќе од 400,00 денари. Ако продолжи со вакво темпо на зголемување во просек од 200,00 денари месечно до крајот на годинава нема да бидат доволни ни три минимални плати за покривање на основните потреби на едно четиричлено семејно домаќинство, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.
– Ова покажува дека неоправдано е да се зголемуваат цените, ако знаеме дека цената на нафтата е пониска од пред почетокот на пандемијата имајќи предвид дека никој од газдите кога цената го имаше најниското ниво во изминатите 10 години не ги намали цените, туку остваруваа огромни профитина грбот на работниците, се вели во денешното соопштение од ССМ.
Според ССМ, вредноста на Синдикалната минимална кошница за мај 2021 година изнесува 34.156,00 денари.