ПОВЕЌЕ

    Силк Роуд Банка известува за предвремена исплата на пензиите

    Време зa читање: 2 минути

    Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија дека исплатата на пензијата за месец март ќе се врши на 29.03.2021 година (понеделник).

    Почнувајќи од 29.03.2021 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.

    Пензионерите кои не користат #AmericanExpress или #Visa дебитна картичка и кои своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 29.03.2021 година (понеделник), согласно следниов распоред направен според висината на пензијата:

    • Во понеделник, на 29.03.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
    • Во вторник, на 30.03.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
    • Во среда, на 31.03.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
    • Во четврток, на 01.04.2021 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари

     

    Имајќи ги предвид преземените безбедносни мерки во експозитурите, а со цел да не се прават дополнителни гужви на благајните, се препорачува на сите кои ќе ги подигнуваат пензиите на благајна да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата.

    Напоменуваме при посета на експозитурите да се почитуваат преземените безбедносни мерки и воспоставениот ред за влез и излез, како и задолжително носење на заштитна маска со себе и одржување на минимално растојание од 2 м. од останатите клиенти и банкарските службеници.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично