ПОВЕЌЕ

    Сава осигурување и Сава пензиско друштво со поддршка за здружението за спортско едрење “Акватика Јахтинг”

    Време зa читање: 2 минути

    Во соработка со Сава пензиско друштво а.д. Скопје, нашето работење значајно го насочуваме кон  заштита на животната средина, со посебен акцент на заштитата на водите. Во тој правец преземавме конкретни чекори за заштита на Охридското езеро и заедно со Здружението на едриличари Акватика Јахтинг од Охрид , го започнавме проектот за зголемување на свесноста за зачувување на водите на Охридското езеро и развој на едрењето како олимписка спортска дисциплина, велат од Сава осигурување а.д. Скопје.

    Здружението за спортско едрење “Акватика Јахтинг” е формирано во 2015 година, а интересот за овој спорт секоја година расте. Во моментот клубот располага со 25 едрилици, 14 едрилици класа оптимист,3 класа ласер, 3 едрилици класа 470 двосед.

    Акватика Јахтинг секоја година е дел и од натпреварите во едрење кои се одржуваат во соседните држави и постигнуваат значителни успеси и награди. Потенцијалот на клубот е препознаен и поддржан од Сава осигурување а.д. Скопје и од Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично