ПОВЕЌЕ

    Сава осигурување вработува „Агент“ во Оддел за едукација на нови кадри во продажба – реон Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Станете дел од тимот на Сава осигурување а.д Скопје!

    Вработуваме „Агент“ во Оддел за едукација на нови кадри во продажба – реон Скопје, стои во огласот што го објави Сава осигурување.

    Претходно искуство или познавање на работата не е неопходно – ние вложуваме во кандидатите, во нивната едукација и личен развој

    ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Работно место:

    „Агент“ во Оддел за едукација на нови кадри во продажба (инкубатор).

    Опис на работно место:

    • Изработување на понуди и полиси за осигурување,
    • Следење и грижа за наплата на премија за продадени полиси,
    • Останати обврски согласно интерни акти на Друштвото,
    • Обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.

    Потребни квалификации:

    • Завршенo четиригодишно средно образование (ССС), гимназија или друго стручно образование;
    • Познавање на работа со компјутер;

    Услови за вработување:

    • Број на извршители: 3 (три);
    • Определено време во траење од 1 месец;
    • Скратено работно време кое изнесува 4 часа дневно или вкупно 20 часа неделно;
    • Почетна основна нето плата во висина од 9000,00 денари.
    • Процент од продажба на основната нето плата.

    Потребна документација:

    Заинтересираните да достават кратка биографија до Самостојна служба за човечки ресурси во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: [email protected]. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Агент во Оддел за едукација на нови кадри во продажба (инкубатор)“.

    Рокот за пријавување е заклучно до 26.06.2022 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

    Напомена: Со достава на Вашата апликацијана овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се  чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права  за обработка на личните податоци  како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк:

    https://mk.sava.insure/media/store/mk-MK/2021/Izvestuvanje-za-privatnost-za-kandidati-za-vrabotuvanje.pdf

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично