ПОВЕЌЕ

    Предвремена исплата на пензиите – На кој датум да ги подигнете парите од Шпаркасе банка?

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе банка ги известува своите ценети пензионери дека пензиите за месец февруари 2022 ќе се исплатат предвреме почнувајќи од 24 февруари 2022 година во четири групи.

    Со пензиите можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од 100 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се достапни во Република Северна Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.

    Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

    • во четврток 24 – ти февруари 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари денари
    • во петок 25 – ти февруари 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари  
    • во понеделник 28 – ми февруари 2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
    • во вторник 01-ви март  2022 година, 01 – ви март 2022 година, пензии со висина над 18.001 денари.

    Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

    За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Bankа, апелираат од банката.

    Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично