ПОВЕЌЕ

    Порака од главниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје

    Време зa читање: 3 минути

    Драги клиенти, драги сограѓани,

    Халкбанк е банка посветена на луѓето затоа што за нас важни се луѓето и тоа е во суштината на нашата идеологија, оперативност и општествена ангажираност.

    Во услови кога сите ние сме пред голем предизвик, а хуманоста и човечноста се единственото решение, Халкбанк на дадената ситуација одговори со ургентно донесени мерки кои се однесуваат на државата и на граѓаните.

    Со овие мерки уште еднаш сакаме да ја потврдиме нашата одговорност кон општеството и се ставаме во служба на граѓаните и државата.

    Соодветно на одговорноста што како најбрзо растечка банка ја имаме кон државата, една од овие мерки е предвремено подмирување на своите обврски за данок на добивка. Со овој чекор сакаме да придонесеме и да дадеме поддршка на државата за имплементирање на мерките за заштита и превенција од ширење на КОВИД-19.

    Поаѓајќи од фактот дека нема поединци или семејства кои не се засегнати од кризата предизвикана од КОВИД 19, применивме повеќе мерки кои директно се однесуваат на граѓаните. Халкбанк во овој период не наплаќа провизии на физички лица преку e-banking и moby banking за сите плаќања во денари. Ова е мерка со финансиски бенефит и воедно мерка на претпазливост и грижа на здравјето со што се заштитуваат и корисниците на банкарските услуги и вработените на шалтерите.

    Спроведуваме и рана исплата на пензиите за примателите на пензии преку нашата банка и сакаме да им испратиме порака на нашите пензионери да останат дома и да се грижат за своето здравје во кругот на семејството, а Халкбанк се погрижи за нивната финансиска сигурност.

    Една од главните мерки што ја донесовме е одлагање на сите кредитни изложувања во период од шест месеци. Со оваа мерка се опфатени најголем број граѓани и веруваме дека овој чекор ќе придонесе во овој период да се чувствувате безбедни и сигурни во сопственото секојдневие и да се уверите дека Халкбанк е ваш партнер и пријател во овие предизвикувачки времиња, затоа што за нас важни се луѓето, важни сте вие.

    Не помалку важни се и нашите вработени, кои исто така со својата посветена работа во целост се ставаат во функција на олеснување на пристапот до нашите услуги.

    Во овој период, со цел да се одговори навремено и што е можно подобро на барањата на реалниот сектор во земјава, на 23 март 2020 нашиот главен акционер Халкбанк АШ Турција свика вонредно собрание и донесе одлука со која ја поддржа Халкбанк АД Скопје со докапитализација во износ од значајни 20 милиони евра.

    Но, да не заборавиме, она што е исклучително важно во овие моменти, а што преку нашите канали на комуникација постојано го потенцираме, бидете внимателни, бидете безбедни, следете ги препораките и заштитете се, затоа што сите ние сме важни.

    Живееме во време на пандемија и сите ние поминуваме низ тежок период, а Халкбанк е тука да ви помогне за полесно да го поминете овој период. Пандемијата КОВИД 19 наскоро ќе заврши и повторно ќе се радуваме на убавите моменти заедно.

    Бидете во добро здравје и расположение!

    Ваш,

    Билал Суџубаши

    Главен извршен директор

    Халкбанк АД Скопје

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично