ПОВЕЌЕ

    Ново електронско и мобилно банкарство за физички лица на Силк Роуд Банка

    Време зa читање: 2 минути
    Силк Роуд Банка АД Скопје изврши надградба на електронското и мобилно банкарство за физички лица со нова верзија.

    За сите постојни и идни корисници на услугите на банката, достапна е новата верзија на системот за електронско банкарство и мобилно банкарство за паметни телефони на Android и iOS платформа.

    Новата верзија на електронското и мобилно банкарство за население е со модерен и современ дизајн прилагоден за потребите на нашите постојни и идни клиенти за брзо, едноставно и ефикасно користење на банкарски услуги без потреба за посета на експозитурите на банката и чекање во редови на шалтер.

    Со користење на eлектронското банкарство клиентите добиваат 24/7 преглед во состојбата на трансакциските или штедните сметка, предглед на кредитните картички и кредитите, можност за вршење плаќања во земјата и странство, плаќање на режиски трошоци и менувачница.

    По пуштањето во продукција на новиот систем, електронското банкарство во следниот период ќе се надгради и со нови функционалности и новитети на пазарот во нашата држава, за што навремено ќе бидат сите известени, велат од банката.

    Користењето на електронското банкарство за преглед на сметките е бесплатно, додека за користење на можноста и за вршење на плаќања се наплаќа еднократен надоместок.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично