ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка те носи на концерт на легендарниот Стинг во Сараево

    Време зa читање: < 1 минутa

    Од 5 до 20 септември, со секоја трансакција со NLB Pay мобилниот паричник сте поблиску до концертот на една од најголемите светски музички ѕвезди на денешницата Стинг, кој ќе се одржи на 2 октомври 2022 година во Сараево.

    Тројца клиенти кои ќе направат најголем број на трансакции со NLB Pay мобилниот паричник добиваат по две влезници за концертот на Стинг и патен аранжман, кој вклучува транспорт и хотелско сместување за добитниците и нивните придружници.

    Концертот на Стинг во Сараево е во рамките на неговата турнеја насловена како „My songs tour“, а ќе се одржи токму на денот на неговиот 71-ви роденден. Стинг во Сараево доаѓа со својата комплетна продукција, звук, светло и видео, а на него ќе бидат изведени неговите најголеми хитови, но во исто време ќе биде промовиран и неговиот нов албум „The Bridge“

    Затоа, колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за незаборавно концертно искуство!

    Добитниците ќе бидат контактирани на 21 септември, 2022.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично