ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка објави кога ќе ги исплати априлските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 26 април (вторник).

    Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 26 април пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

    Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 26 април до 29 април и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:

    • 26 – ти април  (вторник) 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари
    • 27 – ми април (среда) 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
    • 28 – ми април (четврток)  2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
    • 29 – ти април (петок)  2022 година, пензии со висина над 18.001 денари.

    Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

    Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 26.4. – вторник и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред, апелираат од Банката.

    Ве замолуваме да ги почитувате препораките да држите растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка, посочуваат од Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично