ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка: Известување за исплата на пензии

    Време зa читање: < 1 минутa

    НЛБ Банка ги информира своите ценети клиенти пензионери дека исплатата на пензии на благајна во експозитурите на банката и на банкоматите, се планира да почне од 02.10.2023 (понеделник).

     

    Во насока на подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 02.10.2023 (понеделник) пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

     

    Исплатата на пензиите на благајна во експозитурите на Банката ќе се одвива по рангови идентични како и исплатата минатиот месец:

    • 02– ри октомври (понеделник) 2023 година, пензии со висина до 14.000 денари
    • 03 – ти октомври (вторник) 2023 година, пензии со висина над 14.001 денари 

    Ги потсетуваме клиентите дека имаат можност да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, посочуваат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично