ПОВЕЌЕ

    Најплатени во земјава се програмерите, просечна плата од 1.000 евра

    Време зa читање: 2 минути

    Највисоки плати во земјава добиваат програмерите од ИТ секторот, проферсија која е на прво место на листата најплатени професии во земјава.

    Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечата плата во месец октомври 2019 година која изенсувала околу 1.000 евра или просечни 60.899 денари. Втора професија на списокот на топ пет најплатени професии се фармацевтите, кои во октомври земале во просек 46.713 денари нето плата. Потоа професиите поврзани со воздухопловен транспорт односно 45.683 денари просечна нето плата, па вработените во финансиско-услужните дејности со 44.340 денари и на петто место се вработените во телекомуникацискиот сектор со 40.153 денари нето просечна плата.

    Најмалку платени се вработените во секторот заштитни и истражни дејности кои со платите се пониски и од сегашната минимална плата, односно просечна нето плата по 13.707 денари.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава пораснала за 3,7 проценти во однос на октомври минатата година.

    Просечната нето плата за сите професии во месец октомври достигнала 25.726 денари или 418 евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично