ПОВЕЌЕ

    МАПАС НАЈАВУВА: Понизок месечен надомест на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за следната година

    Време зa читање: 2 минути

    Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека е добиена согласност од страна на Собранието на Република Северна Македонија за намалување на висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата од пензиските друштва за 2023 година на 0,7% од уплатените придонеси во секој пензиски фонд со кој управуваат друштвата.

    Согласно член 56 став (3) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување е пропишано дека Агенцијата наплатува ме­се­чен на­до­мест на то­вар на пензиските друш­тва­ најм­но­гу до 0,8% од секој уплатен придонес во прет­ход­ни­от ме­сец во пен­зи­ски­те фон­до­ви со кои управу­ва­ат.

    Пресметките на Агенцијата покажаа дека месечниот надомест за 2023 година, треба да изнесува 0,7% од уплатените придонеси во секој пензиски фонд со кој управуваат друштвата.

    За очекуваниот прилив на придонеси беа користени проценки за прилив на придонеси во задолжителните и во доброволните пензиски фондови во 2023 година.

    Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за развој на пензискиот систем, како и повеќе можности во интерес на членовите на пензиските фондови.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично