ПОВЕЌЕ

    Месечните приходи на рударите на Bitcoin се зголемија на 551 милиони американски долари

    Време зa читање: 2 минути

    Податоците кои ги обезбеди холандската платформа за финансиски услуги, Банкр, за периодот помеѓу 9-ти ноември и 8-ми декември, рударите на Биткоин собрале вкупно 551,45 милиони долари приход, со просек на околу 18,38 милиони долари на ден.

    Највисоката дневна бројка коренсподираше на порастот на Биткоин, кој забележа приход од 21,76 милиони американски долари на 3 декември, додека, најниската беше на 14 ноември, со 15,59 милиони долари.

    Според уредникот на Банкр, Justinas Baltrusaitis „Рударите“ заработуваат со создавање на нов блок на трансакции и примање т.н. „Блок субвенција“ за нивното работење, како и надоместоци платени од потрошувачите за нивната трансакција да биде вклучена во блок што е можно поскоро.

    Надоместоците за рударење на Биткоин пораснаа до 2020 година, исто како и за време на претходниот скок на крипто во 2017 година, каде што алтернативната валута ја достигна својата цена на само помалку од 20.000 УСД. Од почеток на декември Биткоин достигна цена од 19.700 долари, каде заработка на рударите во последниве 30 дена е највисока за последните три години.

    Неколку фактори влијаат за порастот на цената на Биткоин, меѓу кој и зголемениот интерес од институционалните инвеститори. Редица институции ги зголемија своите инвестиции во биткоинот во последните 30 дена. Наспроти ова, водечките компании како „PayPal“ изразија поддршка за криптовалутата, што исто така придонесе за пораст на неговата цена.

    Г-дин Белтрусаитис додаде, веста за зголемувањето на приходите за „рударите“ е охрабрувачка, имајќи предвид дека индустријата во последните години бележи пад на профитабилноста. Помалите „рудари“ направија загуби, а поголемите институционални играчи градеа големи низи за да профитираат. Континуираниот раст на големите „рудари“, претежно од Кина, доведе до преселба на помалите.

    Аналитичарите продолжуваат да веруваат дека сегашото „копање“ на биткоинот е одржливо и постои голема можност движењето на цените да продолжи нагоре. Доколку тоа се случи, „рударите“ очекуваат и раст на приходите до крајот на годината.

    Застапниците на Биткоинот исто така продолжуваат да предвидуваат уште еден историски врв или максимум, пред да заврши годината “.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично