ПОВЕЌЕ

    “Мастеркард” дозволи лимитот за бесконтактни плаќања во Македонија да се зголеми на 2.000 денари

    Време зa читање: 3 минути

    Интернационалната компанија “Мастеркард” ја објави својата посветеност да овозможи зголемување на ограничувањата за бесконтактно плаќање низ цела Европа. Овој потег доаѓа откако 29 земји имплементираа нови лимити, со крајна цел да ги подобрат трговските искуства за луѓето низ целиот регион.

    Во цела Европа, “Мастеркард” застапува неколку иницијативи кои бележат драматично зголемување на употребата на бесконтактни картички и мобилни уреди; 75% од сите трансакции со Mastercard низ цела Европа сега се бесконтактни. Ова зголемување на ограничувањата ќе значи дека сопствениците на картички и продавачите наскоро ќе можат да направат и да примаат повеќе од своите плаќања и брзо и безбедно и без потреба се внесе PIN или да користат пари.

    Mastercard беше првата комапнија што го сфати потенцијалот и се осигура дека сите терминали за плаќање бидат подготвени за бесконтактни плаќања од 1 јануари 2020 година. Сите сега видовме колку брзо луѓето ги прифатија бесконтактните плаќања како најпосакуван начин преку кој плаќаат секој ден. Ова соопштение е дизајнирано да го одрази темпото на промена на однесувањето на луѓето кои ги користат нашите услуги, нудејќи им леснотија, брзина и мир во еден свет што брзо се менува.“ рече Милан Гаудер, извршен потпретседател за производи и иновации во Европа на Мастеркард.

    Меѓу 29 земји, Велика Британија, Ирска, Естонија и Полска веќе ја имплементираа промената на лимитите, додека земјите како Холандија и Грција спроведуваат привремени зголемувања на лимитите, со цел да им помогнат на своите луѓе едноставно да купуваат во овој тежок период.

    Во продолжение, погледнете ја листата со сите 29 земји во која се прикажани старите и новите лимити:

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично