ПОВЕЌЕ

    Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

    Време зa читање: < 1 минутa

    На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата.
    Полноправното членство на Македонска берза во FEAS овозможува целосно користење на сите придобивки и услуги што ги обезбедува оваа Федерација, како што се деловна и промотивна поддршка, размена на знаења и искуства, пристап до истражувања и публикации, можност за учество на настани во нејзина организација и слично. Од 2016 година Македонска берза во FEAS беше со статус Observer.
    Преку стекнатото полноправно членство Македонска берза ја поддржува визијата и мисијата на Федерацијата да придонесува за соработка, развој, поддршка и промоција на пазарите на капитал во Евроазискиот регион (Европа, Азија и областа на Медитеранот).

    На следниот линк е официјалната објава на FEAS околу приемот на Македонска берза во полнопрвано членство: https://feas.org/macedonian-stock-exchange-becomes-feas-full-member/

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично