ПОВЕЌЕ

    КХВ и Универзитетот во Тетово потпишаа меморандум за соработка

    Време зa читање: 2 минути

    Претседателката на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити и  Ректорот на Универзитетот во Тетово Проф. д-р Куштрим Амети потпишаа Меморандум за соработка.

    Со Меморандумот се поставува систем преку кој двете институции координирано ќе дејствуваат  со цел поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес и обезбедување достапност на професионална размена на стручност и искуства за професорите и за студентите на Универзитетот во Тетово во областа на пазарот на капитал.

    Со Меморандумот  правно се уредува  и се надминува претходниот опфат на соработка која досега ја имаа двете институции  и  истовремено се операционализираат повеќе сегменти на содејствување   како едукација  и подобрување на знаењето.

    На состанокот во Тетово освен потписниците Алити и Амети, учествуваа Членот на КХВ Проф.Д-р Кирил Јовановски, Проф. Д-р. Фатон Шабани, проректор за финансии, Проф. Д-р. Бриенд Азири, декан на Економскиот Факултет и Доц.Д-р. Вјолца Хасани Лимани, продекан за настава.

    Заеднички беше констатирано дека вакви соработки  се од клучно значење за унапредување на образовниот процес и бизнис секторот во државата и дека преку преносот на знаење и креирање на партнерства се зголемува можноста за унапредување на работењето на сите инволвирани страни и општеството во целина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично