ПОВЕЌЕ

    Кризата со корона ја чини Австрија околу 100 милијарди евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Корона кризата предизвика огромни трошоци за австриската држава, кои, според експертите, достигнаа околу 100 милијарди евра. Само бесплатните тестови ќе ја чинат државата околу 1,8 милијарди евра до крајот на годината, што е само дел од трошоците досега. Економистот Хано Лоренц, покрај тоа, смета дека австриската економија е добро позиционирана за надминување на кризата, пишува „Независне новине“.

    „Ако имаме дисциплиниран буџет, ќе можеме да ја надминеме кризата без дополнителни даноци“, смета Лоренц.

    Сепак, тој тврди дека кризата ќе влијае на бруто домашниот производ (БДП) на земјата во наредните години.

    Според неговите проценки, БДП-то на Австрија ќе падне за околу 140 милијарди евра помеѓу минатата година и 2024 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично