ПОВЕЌЕ

    КОЈА МАКЕДОНСКА БАНКА ГО ПОТВРДИ УСПЕХОТ и оствари добивка од 30,5 милиони денари во прв квартал од 2022?

    Време зa читање: 5 минути

    Во услови на значајни геополитички и воени случувања, здравствена и енергетска криза, силна конкуренција и динамичен пазар, водејќи се од основните принципи за сигурно и стабилно работење, ТТК Банка АД Скопје успеа да постигне забележителни резултати, што ја одразува одржливоста на нејзиниот деловен модел и успешното управување со сите деловни аспекти од работењето.

    Ескалацијата на руско-украинскиот конфликт предизвика зголемени ризици, во најголем дел, кај цените на енергенсите и храната, што доведе до зголемени инфлаторни притисоци чијшто интензитет е поголем од првичните процени.

    Во ваков специфичен економско-социјален амбиент, преку приспособлива стратегија на работење и преку посебна интерна посветеност, ТТК Банка АД Скопје забележа позитивен финансиски резултат, темелен на здрава основа и во согласност со амбиентот.

    Преку нејзиното редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност, во износ од 40,8 милиони денари кој е за 9,4 % повисок во однос на минатата година, како резултат на побрзиот раст на оперативните приходи во однос на оперативните трошоци. Во истиот период се забележа подобрен квалитет на кредитното портфолио што влијаеше нето-исправката на вредноста на финансиските средства да изнесува 8,6 милиони денари што е за 65,5 % пониска во однос на 31.3.2021 година. Заклучно со 31.3.2022 година, финансискиот резултат изнесува 30,5 милиони денари, што претставува повисок резултат за 18,3 милиони денари или за 149,5 % во однос на истиот период минатата година. Планираниот финансиски резултат за првиот квартал од годинава е остварен со 117 %.

    Финансиски остварувања на Банката

    Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2022 до 31.3.2022 година изнесуваат 58,8 милиони денари и во однос на планот се остварени со 100,4 %.

    Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 47 милиони денари и бележат зголемување за 2,1 % во однос на претходната година, што се должи во најголем дел од зголемените приходи од провизии од картично работење, како и од реализираните приходи од провизии од платниот промет од секторот стопанство и приходи од провизии од брокерско работење. Во однос на планот за овој период, нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 99,9 %.

    Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 3 милиони денари и бележат годишен раст од 28,1 % како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар. Во однос на планот се остварени со 99,4 %.

    Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 21,5 милиони денари и се повисоки за 12,6 милиони денари во однос на минатата година, како резултат во најголем дел од поголемиот износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства. Планот е надминат за 2 процентни поени.

    Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 88,3 милиони денари и се за 4 % повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат во најголем дел од повисоките трошоци за плати, како и од зголемените материјални и административни трошоци. Во однос на планот се остварени со 99,8 %.

    Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 8,7 милиони денари, како резултат на подобрениот квалитет на кредитното портфолио. Истата е пониска за 16,4 милиони денари или за 65,5 % во однос на 31.3.2021 година.

    Во текот на првиот квартал од 2022 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 1,6 милиони денари.

    Исплатени дивиденди

    На ден 3.3.2022 година Банката го објави Јавниот повик за учество на Годишното собрание на акционери коешто се одржа на 5.4.2022 година. На Седницата на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје беше донесена Одлуката за определување на износот на дивидендата и датумите на исплата на дивидендата, со која на 3.5.2022 година ќе започне со исплата на дивиденда за 2021 година во брутоизнос од 41.762.848 денари или висината на бруто-дивидендата по акција изнесува 46 денари односно 4,6 % од номиналната вредност по акција.

    Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30 % од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

    Материјалните средства (недвижности, постројки и опрема) се пониски за 1,4 % во однос на 31.12.2021 година, што главно се должи на амортизацијата на основните средства.

    Промени во кредитни задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30 % споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

    Обврските по кредити во однос на 31.12.2021 година бележат намалување за 8,7 %, главно како резултат на отплата на обврските по кредити.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично