ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка известува за исплата на мартовските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка утре ќе започне со исплата на пензиите за март. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од утре и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа, информираат од банката.

    Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

    вторник, 29.03.2022 година, исплата на пензии до 11.000 денари

    среда, 30.03.2022 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари

    четврток, 31.03.2022 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари

    петок, 01.04.2022 година, исплата на пензии над 18.000 денари.

    За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, апелираме при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи заштитна опрема на лицето, да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете, апелираат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично