ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за јануари од четврток 01.02.2024 година.

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за јануари од четврток, 01.02.2024 година.

    Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од четврток, 01.02.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

    Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 01.02.2024 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.

    Повеќе филијали и експозитури на Комерцијална банка им овозможуваат на клиентите трансакции преку шалтер до 17 часот, со што бројни шалтери им се достапни со најдолго работно време на пазарот од понеделник до петок. А, секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и повеќе експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот, додека експозитурата во East Gate mall, пак, е отворена до 14 часот.

    Раздвиженост во групите на ПИОМ – Над девет илјади пензии преминале на повисоко ниво

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично