ПОВЕЌЕ

    Колкава добивка оствари Tриглав Осигурување АД Скопје во третиот квартал од 2021?

    Време зa читање: 4 минути

    Tриглав Осигурување АД, Скопје во третиот квартал од 2021 година оствари нето добивка од 48.741 илјади денари. Гледано кумулативно, заклучно со 30.09.2021 година остварена е нето добивка од работењето во износ од 31.168 илјади денари.

    • Нето приходите од премија за 2021 година изнесуваат 657.654 илјади МКД, кое што претставува намалување во однос на 2020 година за 5,8%, односно за 40.473 илјади МКД. Гледано аналитички, причините за намалувањето се:

    – Раст на бруто премијата за 81.647 илјади денари, што делуваше позитивно на нето приходите од премијата;

    – Раст на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 43.804 илјади денари, што делуваше негативно на нето премијата.

    – Промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2020 година, влијаеше негативно за 78.316 илјади денари.

    • Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 40.736 илјади МКД и се за 1,6% повисоки од 2020 година. 72% од овие приходи се однесуваат на камати, а 6% се однесуваат на приходи од наемнини. Останатите приходи од вложувања главно произлегуваат од реализирана капитална добивка од продажба на финансиски средства.

    Растот на овие приходи во однос на минатата година се должи на остварените капитални добивки кои го надоместија дополнителниот пад на каматни стапки на финансиските инструменти.

    • Приходи по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 61.170 илјади МКД и се повисоки за 8.713 илјади МКД, односно за 17% во однос на 2020 година, во согласност со повисоката премија предадена во реосигурување.
    • Oстанати приходи на осигурување остварени се во износ од 6.271 илјади МКД и бележат минимален раст од 6%.
    • Oстанатите приходи се во износ од 10.641 илјади МКД и бележат раст од 14%. Главна причина за растот е тоа што оваа година имаме повисоки приходи од рефундации од Националното биро по основ на исплатени штети.

    Во делот на расходите, Друштвото ги оствари следниве резултати:

    • Нето расходите за штети се во износ од 342.439 илјади МКД и се за 10.839 илјади мкд (3%) пониски од минатата година, главно поради поголемиот обем на штети покриени од реосигурителите.
    • Останатите технички резерви се за 1.542 илјади МКД намалени поради намалените резервации за менаџерско осигурување (дел од Класата 1 – Осигурување од незгода).

    3 • Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 25.200 илјади МКД и се зголемени за 13% во однос на минатата година, главно како резултат на зголемените попусти во класа 02- здравствено осигурување.

    • Нето трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2021 година изнесуваат 322.274 илјади МКД што претставува раст од 1% или 3.069 илјади МКД во однос на истиот период претходната година. Најголемо влијание за растот имаше позицијата „трошоци за стекнување“, а кои се зголемени за 5.388 илјади МКД (индекс од 103)
    • Трошоци од вложувања се во износ од 1.411 илјади МКД и претставуваат намалување од 59% во однос на минатата година. Намалувањето се должи на пониско остварената загуба на придруженото друштво Триглав Живот.
    • Останати осигурително технички трошоци се во износ од 50.330 илјади МКД и ова претставува раст од 10%. Главна причина за растот е префрлувањето на одредени трошоци кои претходно се водеа како „нето трошоци за спроведување на осигурувањето“ (адвокатски, нотарски и судски трошоци за наплата на премии, регреси и решавање штети).
    • Вредносно усогласување на побарувањата е зголемено за 3.470 илјади МКД. Главна причина за зголемувањето е тоа што од 01.01.2021 година, согласно законската регулатива, повторно се применува старата методологија пропишана од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, согласно која роковите за почеток на пресметување на исправка на побарување по основ премија се пократки.

    Известување за промени во сметководствените политики Во периодот од 01.01.2021 – 30.09.2021 година, Друштвото нема извршено промена во сметководствените политики, споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи.

    Во однос на методите на вреднување на ставките во финансиските извештаи, Друштвото од 01.01.2021 повторно ја применува старата методологија за вредносно усогласување на побарувањата по основ на премија (сметководствена проценка), согласно законските измени во Правилникот за методот за вреднување на ставките од билансот на состојба и изготвување на деловните биланси.

    Друштвото нема исплатено дивиденди. До денот на изготвување на извештајот за финансиската состојба нема предложени дивиденди од Одборот на директори на Друштвото.

    Друштвото нема вложувања или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) од значителен износ.

    Промени во кредитните задолжувања Друштвото, заклучно со 30.09.2021 година, нема обврски по основ на кредитни задолжувања.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично