ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на менаџментот на УНИ Банка за периодот што следи

    Време зa читање: 2 минути

    УНИ Банка во 2021 година прокнижи за 42 отсто помала добивка во однос на 2020 година

    Какви се очекувањата на менаџментот за периодот што следи?

    Во  2021 година, податоците за остварување на билансните цели на банката се реален одраз на последиците од здравствено економската криза предизвикана од COVID 19,чиј импакт продолжи да се чувствува подолго од очекуваното во моментот на изготвувањето на бизнис планот на Банката за 2021 година.

    Анализата на структурата на пасиватана билансот на состојба на 31.12.2021 година и нејзината споредба со планираната укажуваат на надминување на таргетираните извори на финансирање од секторот население, кои се  зголемени за 8.6%во однос на 31.12.2020година. Од друга страна прибраните средства од финансискиот сектор бележат значително намалување во однос на 31.12.2020 година што е согласно стратегијата на Банката за намалување на расходите за камати.

    Светската пандемија предизвикана од COVID 19 продолжува да има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија.

    Банката ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со корисни информации во процесот на донесување на соодветни деловни одлуки.

    Во претстојниот период банката очекува да продолжи тенденцијата на зголемување на  активата, континуиран раст и задржување на квалитетот на кредитното портфолио на банката, кој би бил подржан со зголемен раст на депозитната база преку имплементација на нови депозитни продукти, во насока на зголемување на учеството на нефинансиските извори на финансирање, со посебен акцент на зголемување на учеството на трансакциските сметки,  оптимизирање на административните трошоци, зголемување на пазарното учествопо различни сегменти во банкарскиот секторво зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста, подобрување на квалитетот на услугите, усовршување на дигиталните сервиси и канали за плаќање, развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење и исполнување на сите зацртани цели во Бизнис планот на Банката за 2022 година, а се со цел да излеземе во пресрет на различните потреби и интереси на клиентите.

    Исто така, планираме и нова емисија на перпетуална обврзница слична на продуктот што го издадовме во 2019 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично