ПОВЕЌЕ

    ИутеКредит ги проширува своите услуги со лиценца за е-пари во Албанија

    Време зa читање: 3 минути

    Подружницата на ИутеКредит Европа – Velox Pay Albania доби лиценца за е-пари од Банката на Албанија, што ѝ овозможува на компанијата да ја прошири својата понуда на производи. Корисниците на ИутеКредит ќе можат да вршат плаќања, трансфер на пари, да примаат и испраќаат дознаки, да префрлаат на IBAN сметка, да повлекуваат од банкоматите и да ја вршат секоја трансакција преку мобилна апликација.

    „Добивањето на лиценцата за е-пари од Банката на Албанија значи дека можеме да започнеме со платежниот бизнис со Velox, што е многу возбудлива можност за нас. Планираме да ја прошириме понудата на производи за нашите клиенти и постојано да го подобруваме нивното корисничко искуство“, изјави Акан Ајдини, извршен директор на ИутеКредит Албанија.

    „Ова е дел од нашата стратегија за проширување на сите услуги што ги нудиме дигитално и преку мобилните телефони. Можеме да создадеме нови извонредни искуства за нашите клиенти од Албанија и нов извор за приходи за ИутеКредит“, вели Тармо Силд, извршен директор на ИутеКредит Европа.

    Клиентите на ИутеКредит ќе имаат можност да го добијат својот кредит директно на нивниот електронски паричник, апликацијата MyIute. Исто така, новите корисници на е-пари ќе можат да го надополнат салдото на електронскиот паричник со аплицирање за кредит во ИутеКредит. „Нашите клиенти ќе можат да вршат peer-to-peer трансфери во реално време, да ги плаќаат ратите за кредитот, сметките за комунални услуги, локалните даноци, да ги надополнуваат своите мобилни сметки, да префрлаат пари на нивните банкарски сметки или дури и да го платат нивниот производ во онлајн продавници или во продавници кои користат QR и плаќања од близина“, објасни Ајдини.

    Според Ајдини, клиентите на ИутеКредит исто така можат да ги добиваат своите дознаки директно во нивната апликација MyIute по најконкурентни цени. „Нашиот клиент ќе може да користи дел од кредитот или создаденото салдо за плаќања или трансфери, или да подигне готовина од нашите банкомати“, рече Ајдини.

    „Со додавање вредност на нашите услуги, ќе ги охрабриме клиентите да останат во рамките на нашиот екосистем и ќе создадеме одлично корисничко искуство за едношалтерска услуга за извршување на сите услуги преку интернет, а ќе создадеме и нови текови на приходи со генерирање мали трансакции во голем обем“, додаде Ајдини.

    ИутеКредит планира да започне да нуди нови услуги за клиентите оваа пролет, веднаш штом ќе се финализира потребниот развој и интеграција со банките и партнерите.

    Velox Pay SH.P.K Albania е основана во 2020 година, и е во 100% сопственост на IuteCredit Europe AS.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично