ПОВЕЌЕ

    Известување за клиентите на Шпаркасе Банка иматели на орочени депозити со прилагодлива каматна стапка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Шпаркасе Банка Македонија ги информира постоечките клиенти физички лица кои се иматели на орочени депозити со прилагодлива каматна стапка дека по присоединувањето на Охридска Банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, планирано за втората половина на Јули 2021 година кај овие производи Банката нема да ја менува висината на каматната стапка до датумот на доспевање.

    По датумот на доспевање, при автоматско реорочување на депозитите каматната стапка ќе биде фиксна за целиот период за кој е продолжен рокот на договорот за депозит и истата ќе биде во висина согласно важечка Одлука за каматни стапки на Банката.

    Одлуката за каматни стапки е достапна во сите експозитури на Банката и на интернет страната на Банката www.sparkasse.mk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично