ПОВЕЌЕ

    ЗСФ КОМ НА ФАТМИР ЕТЕМИ е најмоќната градежна фирма во земјава

    Време зa читање: 3 минути

    ЗСФ КОМ градежната компанија која што остварила најдобри резултати во градежниот бизнис лани. Компанијата која е во сопственост на Фатми Етеми, бизнисмен активен и во банкарскито сектор и во трговијата успеала да ги подобри резултатите од 2020, а истовремено и да остане на врвот според остварениот профит во градежниот сектор.

    • Всушност бројките од БизнисМрежа.мк покажуваат дека ЗСФ КОМ во 2021 остварила приход од 18,9 милиони евра, додека во 2020-та во оваа компанија се слеале 11,8 милиони евра. Иако според приход повторно е рангирана на втората позиција ( со 22,6 милиони евра прв е Жикол-Струмица) севкупната слика со добивката каде што повеќе години е на врвот на листата ја прави најмоќната на пазарот
    • ЗСФ КОМ кај добивката повторно остварила раст и тоа од 42,8 проценти. Односно, од 3,76 милиони евра во 2020, на 5,4 милиони евра во 2021-ва.

    Етеми од професор по биологија до моќен бизнисмен

    ЗСФ КОМ ДООЕЛ скопска фирма е во сопственост на познатиот бизнисмен, Фатмир Етеми. Неговото име последните години е особено актуелно во јавноста.

    Етеми е поранешен пратеник од 1998 до 2002 година. Според податоците на страницата на македонското собрание тој бил член на Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија – Народна демократска партија (ПДПА-НДП).

    Активен во Партијата од 1990 година. Носител на многу партиски функции. Член на Претседателството на ПДПА-НДП. Претседател на партискиот огранок на општина Чаир, Скопје. Член на Централното собрание на ПДПА-НДП. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Бугарија.

    Роден 1965 година во Скопје. Завршил Природно – математички факултет, биологија. Работел како професор по биологија. Бил советник во општина Чаир, Скопје.

    Јавноста најмногу слушна за него кога се јави како сопственик на зградата кај Мајчин дом чија изградба ја следеа низа протести.

    Лидер во градежништвото, а се јавува и како сопственик на акции во Скопски Пазар и Комерцијална банка.

    Етеми преку својата фирма ЗСФ-КОМ  со Современ дом АД Прилеп како субјекти што дејствуваат заеднички се стекнаа со вкупно 77,44% од вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје. Поединечно поседуваат по 38,72% од акциите.

    Фатмир Етеми во Комерцијална банка е сопственик на 3,2 проценти од акциите на банката.

    Во сопственост на ЗСФ-КОМ е и ресторанот Опатија во Скопје.

    Дел од завршените проекти на ЗСФ-КОМ се зградата во Центар кај Железничката станица две згради во Аеродром, една во Карпош, позади Сити Мол зградата Скопје Сити Гарден, елитен комплекс палата Водно, фирмата го реновирале објектот Македонска куќа на Кале. Во тек е реализацијата на комплексот Бутел.

    Читајте: „ПАРИ“ ОТКРИВА: 10 градежни фирми со чист профит од над 20 милиони евра, кој доби, а кој изгуби лани!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично