ПОВЕЌЕ

    ЗА ИТ СЕКТОРОТ НЕМА ДОВОЛНО КАДАР

    Време зa читање: < 1 минутa

    ИТ секторот и понатаму расте и покрај стравовите дека вештачката интелигенција и глобалните кризи ќе предизвикаат големи нарушувања. Според претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, приходите во ИКТ индустријата во 2025 година пораснале за околу 7 проценти, а профитабилноста за околу 10 проценти во однос на 2024 година. Но, и покрај растот, компаниите сè уште мака мачат да најдат квалитетен кадар. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ тој објаснува дека добрите програмери и ИТ експерти сè уште се дефицитарни и дека компаниите не смеат лесно да ги изгубат.

    „Ние добрите кадри ги гледаме, и газдите, и сопствениците, и менаџерските тимови на странските компании да ги платат конкурентно во споредба, во најмала рака со регионалните… Не, немаме доволно кадри. Како сопственик на фирма, не можеме да си дозволиме да изгубиме добри кадри, затоа гледаме платите да ги израмниме со, во најмала рака регионалните, ако не, да кажам, и глобалните.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично