ПОВЕЌЕ

    Државен завод за статистика: Лаекенски индикатори за сиромаштијата во 2018 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    Државниот завод за статистика врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштија за 2018 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход.


    Според податоците, во 2018 година, стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија изнесуваше 21.9%.


    Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2018 година е 22.0 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 8.8 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.9 %. Коефциентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31.9 %.

    Преземи податоци во ексел табели:   Преземи табели

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично