ПОВЕЌЕ

    Дали можете да го користите вашиот паметен телефон за сите ваши финансии?

    Време зa читање: 2 минути

    Дали сте веќе подготвени да управувате со сите ваши финансии преку вашиот паметен телефон? Ова претставува стремеж на финансиската технологија. Таа ќе ни овозможи да ги извршуваме сите наши плаќања, инвестиции и апликации за заеми, без воопшто физички да влегуваме во филијала на банка или друга финансиска институција.

    Неспорно е дека со помош на паметните телефони и мобилните апликации, глобалните финасии целосно се променети од пред само неколку години. Апликациите за банкарско работење со паметни телефони се популарни сé повеќе кај помладите. Но, праксата покажува дека многу луѓе едноставно немаат време или експертиза да ги пронајдат соодветните мобилни апликации што можат да им помогнат да управуваат со своите пари.

    Како што потрошувачите сé повеќе се навикнуваат на интуитивните алатки, како што се Сири и Гугл, можностите и активностите коишто можат да ги прават со еден паметен телефон кога станува збор за менaџирање на финансиите, се зголемуваат. Забележан е пораст во бројот на нови ФинТек компании кои инвестираат во голем број нови мобилни апликации.

    Во јуни, гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни рече: „ФинТек ќе ја промени природата на финансиите и ќе ги стресе темелите на централното банкарство.“

    Во последните неколку години, технологијата успеа да ги поедностави и демократизира финансиите, ставајќи ја контролата повторно во рацете на потрошувачите.

    Банките треба да одговорат на ФинТек предизвикот со свои сопствени иновации, без разлика дали тоа ќе го сторат со биоподатоци или мобилни кодови за автентикација и авторизација на трансакциите. Некои експериментираат со користење видео канал за подобрување на услугата со клиентите, додека други ги прошируваат опциите за начинот на комуницирање, користејќи ги платформите на социјалните медиуми, како што се: WeChat, Facebook Messenger и Whatsapp.

    Со текот на времето, ФинТек ќе претставува поотворен, потранспарентен и подемократски глобален финансиски систем.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично