Виктор Андонов, советник за енергетика во кабинетот на Претседателот на владата во емисијата 24 анализа истакна дека денешната енергетска криза е резултат на појавите на европските берзи, со цената на електричната енергија и знаеме дека во првиот квартал цените биле 50-60 по мегават час. Од пред неколу месеци, тие се над 200-300 евра.
– Имајќи в предвид дека увозот на електрична енергија кај нас во последните 15 години се движи 25-30% проценти, ако направиме сппоредба ќе видиме дека станува збор дека треба да се издвојат значителни финансиски сретства за да се купи таа енергија. Цените се зголемија за 4 пати. Ги погодува и развиените европски држави и нас како земја во развој. – вели Андронов.