ПОВЕЌЕ

    Адинг со намалена добивка за 23,7% во однос на минатогодишната

    Време зa читање: 6 минути

    ЗА НАСТАНАТИТЕ ЗНАЧАЈНИ ПРОМЕНИ ВО ФИНАНСИСКИОТ РЕЗУЛТАТ ЗА ПЕРИОДОТ 01.01.2022-30.06.2022 ГОДИНА ЗА АДИНГ АД СКОПЈЕ- ПОЕДИНЕЧНИ ИЗВЕШТАИ

    Остварени вкупни приходи во однос на претходниот период, кратка анализа на приходите и расходите и на остварениот финансиски резултат:

    • Во овој период АДИНГ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 206.896 илјади денари кој е поголем од минатогодишниот за 10.091 илјади денари, односно зголемување за 5,1%. Во структурата на приходите најголем удел имаат приходите од продажба во износ од 200.946 илјади денари или 97,1% од вкупниот приход, од кои 63,2% се приходи од продажба на домашен пазар и 36,8% приходи од продажба на странски пазар.
    • Извозот е реализиран во подолунаведените региони, а нивното учество во вкупниот извоз е: Србија 37,1%, Црна Гора 21,1%,БИХ 20,7%, Албанија 7,1%, Бугарија 5,8%, Косово 5,4 и останати 2,8%.
    • Во истиот период, остварени се вкупни расходи во износ од 193.237 илјади денари што претставува зголемување во однос на минатогодишните за 17.289 илјади денари, односно за 9,8%.
    • На крајот на овој период, остварен е позитивен финансиски резултат, односно Добивка пред оданочување во износ од 12.183 илјади денари, која е помала за 23,7% во однос на минатогодишната добивка, која изнесуваше 15.965 илјади денари.

    Движењето на финансискиот резултат по квартали е следен:

    31.03.2022 = 431 илјади денари

    30.06.2022 = 12.183 илјади денари( + 11.752 илјади денари во вториот квартал )

    Движење на вкупните приходи и расходи по квартали е следен:

    квартал приходи = 85.334 илјади денари вкупни приходи

    I квартал расходи = 84.381 илјади денари вкупни расходи

    II квартал приходи = 121.562 илјади денари вкупни приходи

    II квартал расходи = 108.856 илјади денари вкупни расходи

    Останати значајни финансиски податоци со 30.06.2022 година:

    -Во период на намалена градежна активност во земјата,со последици предизвикани од пандемијата од COVID-19 кои се’уште се чувствуваат, нереализираните капитални инвестиции од државата,сеприсутниот проблем со ликвидноста кај компаниите и воената операција во Украина која ја поттикна инфлацијата, АДИНГ АД Скопје редовно ги подмирува своите обврски кон компаниите, вработените, акционерите, финансиските институции и државата. Сето погоре наведено придонесе за зголемување на кредитната задолженост за 19.872 илјади денари.

    • Капиталните инвестиции се во износ од 24.291 илјади денари.
    • Залихите на готови производи се намалени за 1.476 илјади денари.
    • Добивката пред оданочување во износ од 12.183 илјади денари е за 11,6% поголема од планираната во износ од 10.916 илјади денари.

    Проценка за влијанието на COVID-19 врз идното финансиско работење:

    • Спроведување на мерки за заштита донесени од државните органи

    АДИНГ АД Скопје ги превзема сите мерки за заштита од заразната болест COVID- 19 согласно протоколите и препораките на државните органи и институции. Во деловните простории се работи со обезбедување на услови за почитување на задолжитлена социјална дистанца од најмалку 2 метри. Согласно мерките и препораките на Владата сите вработени ги задржаа своите работни места. Олабавувањето на мерките пропишани од државата,олеснетите и некаде веќеукинати КОВИД протоколи за патувања придонесоа да се зголемат деловните патувања, како во земјата, така и во странство.

    • Спроведување на мерки за заштита донесени од Компанијата

    Превентивно тестирање на сите вработени каде што постои евентуална опасност од зараза, вработените при тоа се упатуваат во домашна изолација, а фирмата ги сноси сите трошоци настанати по овој основ.

    Секојдневно од страна на друштвото се обезбедуваат средства за лична заштита и средства за лична хигиена на вработените и редовно, односно најмалку еднаш неделно се врши дезинфекција на работните простории од овластена фирма. Фирмата формира кризен штаб задолжен за следење, координација и контрола на состојбата, континуирана проверка дали правилно се применуваат и почитуваат мерките на Владата и Компанијата. Кризниот штаб е формиран со почеток на пандемијата и неговата активност ќе продолжи и во наредниот период.

    Со повторното зголемување на бројот на заразени со Одлука од 12.07.2022 година вратено е задолжителното носење на заштитни маски во затворените простории на фирмата.

    Доследната примена на интерните мерки за заштита ни овозможи континуирано нашата фабрика и нашите вработени да работат и да се чувствуваат сигурни.

    • Трошоци за спроведување на мерките за заштита

    Поради спроведување на мерките за заштита и спречување на ширење на заразната болест COVID-19 во изминатиот период компанијата имаше дополнителни и непланирани трошоци. Имено, заклучно со вториот квартал од 2022 година по основ на превентивно тестирање на вработените направени се трошоци од 44 илјади денари, додека за обезбедување на средства за лична заштита и средства за лична хигиена на вработените трошоци во износ од 34 илјади денари.

    Покрај трошоците, АДИНГ АД Скопје не користеше никаква помош од страна на Државата и целиот терет од трошоци поврзани со пандемијата ги обезбеди од сопствени средства.

    • Проценка и очекување на влијанието на COVID-19 и воената операција во Украина врз работењето и финансиските резултати

    Во првиот квартал од 2022 година АДИНГ АД Скопје имаше потфрлање во остварувањето на планот во износ од 11,7%, односно по месеци, за јануари имаше остварување од 60,4%, во февруари од 98,8% и во март од 104,8% во однос на поединечните месечни планови.

    Во вториот квартал од 2022 година АДИНГ АД Скопје имаше натфрлање во остварувањето на планот во износ од 13,8%, односно по месеци, за април имаше остварување од 117,5%, во мај од 106,3% и во јуни од 117,7% во однос на поединечните месечни планови.

    И покрај сите потешкотии во работењето и непредвидливите времиња АДИНГ АД Скопје успеа да оствари значителен позитивен резултат.

    Сепак во АДИНГ АД Скопје постои голема загриженост за периодот кој доаѓа. Предвиденото зголемување на цените на нашите клучни репроматеријали и неможноста на подолг рок да имаме гарантирани цени продолжува, велат од компанијата.

    Пандемијата предизвикана од коронавирусот се чини дека повторно зема замав, така што нејзините последици ќе продолжат да се чувствуваат.

    Воената операција во Украина веќе предизвика глобален пораст на цената на енергенсите и ја поттикна инфлаторната спирала за која мислевме дека е веќе минато и дека државите имаат механизми за нејзино контролирање.

    Со монтажата и пуштањето во функција на фотоволтаичните панели, поставени на дел од нашите производствени погони, успеавме да го ублажиме ударот од зголемувањето на цената на електричната енергија. Новите поволности кои произлегуваат од неодамна усвоените законски измени со кои се дозволува враќање во системот на вишокот произведена електрична енергија би требало да ни помогне во ублажување на новите цени на електричната енергија, кои се повеќе од извесни, велат од компанијата.

    Сето погоре наведено прави несигурност и неизвесност и за АДИНГ АД Скопје во однос на условите за работа и резултатите кои ќе се постигнат во 2022 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично