Вредноста на увозот на ЕУ од Русија, помеѓу првиот квартал од 2021 година и првиот квартал од 2024 година, падна за 85%.
Трговската размена меѓу Русија и Европската унија (ЕУ) е под 5 милијарди евра за прв пат од есента 1999 година, покажуваат податоците на Евростат. Билатералната трговска размена меѓу Русија и ЕУ е намалена за 10 отсто во јуни во однос на мај и изнесува 4,9 милијарди евра. Ова е најниско од септември 1999 година, кога тргувањето беше 4,6 милијарди евра.
Во овој временски период, трговијата со Португалија потона најмногу – за 4,3 пати, на 13,2 милиони евра. Трговскиот промет со Чешка и Ирска, пак, е намален за околу половина, на 121,5 односно 41,5 милиони евра. Во исто време, трговската размена на Русија со голем број земји од ЕУ во јуни покажа спротивна динамика.
Но, трговијата на Русија со голем број други земји е зголемена. Меѓу нив се Бугарија и Романија, со 15 отсто – 55,8 и 12,3 милиони евра, соодветно, Холандија (+10%, 462,4 милиони евра), Хрватска (+7%, 21,5 милиони), Австрија (+ 6%, 284,2 милиони евра) , Франција (+6%, 449,4 милиони), Унгарија (+3%, 464 милиони) и Литванија (+1%, 87,9 милиони евра).
Целосната руска инвазија на Украина во февруари 2022 година предизвика заострување на економските санкции кон Русија, што значително ги наруши производствените синџири низ Европа и доведе до радикално намалување на трговијата со Русија за повеќето европски земји. Иако Русија не беше главен извозен пазар за повеќето европски земји, Русија беше значаен увозен извор на одредени клучни стоки.
Во исто време, пак, продажбата на европски производи во Русија забележа пад од 5 отсто и изнесува 2,4 милиони евра. Основата на европскиот извоз во Русија се фармацевтски производи (634 милиони евра), опрема (262 милиони) и оптички инструменти (203 милиони евра).
Во 2020 година, ЕУ беше првиот трговски партнер на Русија, со 37,3% од вкупната трговија на земјата со стоки со светот. 36,5% од увозот на Русија доаѓа од ЕУ, а 37,9% од нејзиниот извоз бил во ЕУ.
Двонасочната трговија со услуги меѓу ЕУ и Русија во 2020 година изнесуваше 29,4 милијарди евра, при што увозот на услуги од ЕУ од Русија претставува 8,9 милијарди евра, а извозот на услуги во Русија изнесува 20,5 милијарди евра.
Во 2019 година, ЕУ беше најголемиот инвеститор во Русија. Надворешните странски директни инвестиции (СДИ) на ЕУ во Русија изнесуваат 311,4 милијарди евра, додека залихите на руските странски директни инвестиции во ЕУ се проценети на 136 милијарди евра.