Ако се приближувате до пензија или веќе сте во пензија, тогаш веројатно сте размислувале за купување на акции кои даваат дивиденда. Сепак, растот на дивидендата не е нешто на кое што треба да мислат само постарите луѓе. Со оглед на тоа што акцииите кои даваат дивиденда се сеуште фантастичен начин за диверзификација, тоа е нешто што треба да ги засега сите генерации.
Со постојан и растечки прилив на пари, акциите кои даваат дивиденда можат да му овозможат на инвеститорот да ја користи таа готовина за да ги задоволи неговите дневни потреби или да реинвестира дел од таа готовина, за да купи уште повеќе акции кои носат дивиденда.
Како и повеќето принципи за инвестирање, инвестирањето во акции со дивиденда навистина не е тешко. Откако ќе посветите време за учење, ќе видете дека е полесно отколку што можеби сте помислиле. Сакате да започнете? Еве неколку совети за тоа како можете да растат вашите инвестиции во дивиденда како почетник.
Проценка на потенцијалот за раст
Добрите инвеститори го проценуваат потенцијалот за раст на нивните дивиденди. Да се анализира потенцијалот за раст, потребно е да го знаете слободниот проток на пари во компанијата, но исто така треба да се анализираат стапките на исплата на компанијата.
Знајте ги правилата
Различни акции имаат различни правила околу исплатата на дивиденда.
Инвестирајте во работи што ги разбирате
Користете квантитативни филтри кои ќе ви помогнат да го намалите бројот на потенцијални компании во кои може да инвестирате. Откако ќе го завршите тоа, направете список на сите акции кои даваат дивиденда и кои имаат потенцијал да растат.
Внимателно проценете ја и разгледајте ја оваа листа на компании што сте ја избрале и поставете си неколку клучни прашања?
- Дали го познавам нивниот производ?
- Дали го разбирам целосно деловниот модел што го користат?
- Дали знам како бизнисот заработува пари?
Дали цената по која се продава акцијата е фер цена?
Ова е веројатно меѓу најважните фактори за било каков раст на дивидендата.
Не го превртувајте вашето портфолио на акции
Ако сте почетник, изберете едноставни платформи за инвестирање кои не ве притискаат постојано или премногу често да тргувате со вашите акции. Вие идеално би сакале да бидете долгорочен инвестистор, кој внимателно ќе ги селектира акциите, и ќе одлучи да продава во моменти кога цените за истите ќе бидат значително намалени.