ПОВЕЌЕ

    Охридска банка од понеделник ќе работи со изменета мрежа на експозитури

    Време зa читање: 2 минути

    Согласно моменталната ситуација поврзана со КОВИД-19 и потребата од уште позасилена превензија на целото население, Охридска банка ги информира клиентите дека почнувајќи од 23.03.2020 година, ќе работи со изменета мрежа на експозитури. Пет експозитури ќе бидат затворени и целокупната нивна активност ќе биде пренасочена кон други експозитури во непосредна близина. Банкоматите во рамки на затворените експозитури остануваат во функција.

    Листа на затворени и заменски експозитури:

    Работното време на заменските експозитури, како и на сите останати експозитури ширум земјата може да го погледнете на следниот линк.

    Поради намалениот број на експозитури, им се препорачува на клиентите да се насочат кон користење на дигиталните услуги на банката: електронско банкарство и мобилната апликација Моја Банка и да прават транскации за денарски плаќања без провизија.

    Дополнително препорачуваме на почитување на мерките за превенција, во насока на намалена посета на експозитури и што е можно помал контакт со денари и девизи.

    Охридска банка навремено ќе ги известува сите клиенти за евентуални промени во работното време или промени во мрежата на отворени експозитури ширум земјата, стои во известувањето.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично