Значаен дел од општествено одговорното однесување на Стопанска банка АД – Скопје е насочено кон едукација на клиентите за новите трендови, новите производи и услуги. Сакајќи да ги промовира своите платежни картички кои први на пазарот беа со 3D Secure безбедносни стандарди како и да ја промовира својата e-commerce платформа за домашните трговци, Банката втора година по ред организира симболична прослава на Cyber Monday првиот онлајн светски празник, односно „потроши онлајн 5.000 денари за 10 минути“.
На овој ден, во земјите каде е развиена електронската трговија, овие трговци подготвуваат посебни понуди и истите најчесто се насочени на производи од бела и црна техника.
Се пријавија на 700 учесници од кои 30 од нив беа најсреќните и имаа можност да купуваат производи од најпознатите онлајн МК трговци. Се потрошија над 100.000 денари online, а избраните клиенти покажаа колку едноставно се пазари online.